Проекција на „Панкот не е мртов” на Академска сцена на ФДУ

Македонскиот игран филм „Панкот не е мртов ” (2011) по сценарио и режија на Владимир Блажевски ќе се прикажува вечерва на Академската сцена при Факултетот за драмски уметности во Скопје, со почеток во 20:30 часот.

Филмот е добитник на повеќе награди меѓу кои:

  • 2011:Специјална награда на жирито – Меѓународен Филмски Фестивал Прифест
  • 2011:Најдобар филм во програмата Исток-Запад – Карлови Вари,Чешка
  • 2012:Најдобро сценарио – Филмски фестивал на добротворни цели, Монако
  • 2012:Награда од публика – Меѓународен Филмски Фестивал Софија, Бугарија

Приказната го следи главниот лик Мирса, кој е остарен панкер што се бори за секојдневниот живот во Скопје. Во раните 1990-ти се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка.

Во филмот играат: Јорданчо Чевревски, Флора Достовска, Кирил Поп Христов, Виктор Лазаревски, Јовица Михајловски, Тони Михајловски, Емир Реџепи, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Владимир Тулиев.

Влезот е слободен.