Проекција на францускиот документарен филм „Вавилонски двор“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија вечерва (10 ноември), во организација на Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Вавилонски двор“ на Жили Бертучели.

Филмот е снимен во 2014 година и се прикажува во знак на одбележувањето на Месецот на документарниот филм.

За филмот досега имаат напишано повеќе критичари кои го опишуваат како „лекција за животот и слободата“, „утешува и освежува“.