Приливот на мигранти го зголеми ризикот од модерно ропство и принудна работа во Европа

Европската унија е регион во светот, каде е забележано највисоко зголемување на случаите на современо ропство во светот.

Причината е приливот на повеќе од сто илјади мигранти, од кои повеќето се исклучутелно ранливи на експлоатација, велат аналитичарите.

Индексот, изготвен од експертите од британската компанија Вериск Мејплкрофт, вклучува 198 држави.

Романија, Грција, Италија, Кипар и Бугарија се земји од Европската унија, каде најмногу се користи трудот од робовите. Аналитичарите додаваат дека и петте држави се клучни влезни врати кон ЕУ.

Околу 115 илјади мигранти и бегалци пристигнале во Европа од почетокот на годината. Голем дел од нив, над 80 проценти, влегле во Италија.

Голем број нелегални мигранти плаќаат големи суми за патувањето и на крајот се принудени да работат речиси се пари, за да си го вратат долговите кон бескруполозните трговци со луѓе, изјави експертка од Вериск Мејплкрофт.

Таа предупреди дека локалните власти имаат проблем со справувањето со современосто ропство, поради големиот број новопристигнати.

Дваесет и еден милион лица во светот, меѓу кои и деца, се жртви на принуден труд, активност која се проценува дека годишно носи профит од 150 милијарди долари, покажуваат податоците на Меѓународната организација на труд.

Северна Кореја останува на прво место во индексот како земја, каде состојбата со подложувањето на принудна работа е најлоша. Ситуцијата е мошне влошена и во Турција.

Од друга страна најголемо подобрување во оваа сфера е забележано во Индија и Тајланд. Ризикот во двете земји сепак останува исклучително висок.

Целта на индексот е да им помогне на компаниите да утврдат кои се земјите, во кои има најголем ризик од приудна работа.