Премера на куклената претстава „Тоби“

Вечерва, во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје премиерно ќе се одигра детската куклена претстава „Тоби “ по текст на Флоријан Зденек, а во адаптација на текст и режија на Драгослав Тодоровиќ.

„Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , а бога ми
и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни“, ја најавува претставата режисерот Тодоровиќ.

Во оваа детска драма се читаат и откриваат актуелните проблеми кај луѓето како необјаснивата желба за промена на сопствениот изглед и дискриминацијата по различни основи.

Почетокот е во 19 часот.