Повторно ќе се прави новогодишна #ЕлкаМк, но овој пат од стаклени шишиња

#ЕлкаМк е еден настан кој со години наназад се одвива некаде кон крајот на годината во декември со цел подигнување на свеста на граѓаните да се грижат за својот отпад и внимателно да го селектираат, за да олеснат и да придонесат да живееме во почист и поубав град.

Традиционално секогаш се собираат пластични шишиња на повеќе места (пунктови), а потоа се собираат и со сите нив се прави импровизирана новогодишна елка.

„Оваа година сакаме да го направиме настанот во една видоизменета форма. ‘Винил’ уште не накитиле викаат и затоа ќе им поставиме елка пред кафичот со тоа што овој пат ќе биде елката од стаклени шишиња и сакаме сите вие да ни помогнете! Затоа во недела (24 декември) сите што имате дома стаклени флаши, шишиња, ОСОБЕНО ЧАШИ :) ве молиме да ги донесете пред ‘Винил’, а ние во соработка со Пакомак ќе се погрижиме да обезбедиме добра музика, чај за сите и по некоја греана ракија.

Да го накитиме ‘Винил’ да направиме уште една #елкамк во соработка со Пакомак и да помогнеме да се подигне свеста на сите луѓе за внимателно селектирање на отпадот за да помогнеме да имаме почист и поубав град. Нешто што ужасно многу ни треба во последно време“, велат иницијаторите на акцијата.