Повлечена забраната за возење во Њу Делхи, немало подобрување на воздухот

Властите во индискиот главен град Њу Делхи ја повлекуваат мерката „пар/непар“ која стапи во сила пред две недели, со цел да се намали алармантното загадување. Со оваа мерка, повеќе од еден милион приватни возила се спречуваа да возат дневно. Меѓутоа, резултатите не покажале значително подобрување на квалитетот на воздухот.

Њу Делхи е дел од листата на најзагадени градови во светот оваа зима. Градските власти ја најавија мерката откако судот им нареди на надлежните да го решат проблемот со загадувањето, кое беше десет пати над граничните вредности што ги препорачува Светската здравствена организација.

Властите соопштија дека за време на пробниот период од две недели повеќе од 50 отсто се намалило загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот. Дополнително, во понеделник ќе одржат состанок на кој ќе решат дали мерките треба да навлезат во втора фаза.

Еколозите велат дека загадувањето се уште е огромно поради падот на дневните температури и недостигот на ветер.

Од 1 јануари беше дозволено да возат само амбулантните, полициските, пожарникарските возила, таксистите и жените. Индиската влада обезбеди и приватни автобуси, а училиштата беа затворени за нивните автобуси да се искористат во јавниот превоз.