Повик за учество на работилница за важноста на комуникациските вештини

Студентската организација АИЕСЕК заедно со Прокредит банка организираат работилница за комуникациски вештини, која ќе се одржува овој четврток (16 мај) на Економскиот факултет при УКИМ.

Учесниците ќе учат што е неопходно за добра комуникација и како да ги подобрат личните комуникациски вештини.

„Важноста на комуникациските вештини е од големо значење при вработување особено во денешното динамично општество и со зголемената конкурентност која секојдневно расте на пазарот на трудот“, стои во повикот за работилницата.

Таа ќе трае 2 часа, а за учество потребно е претходно пријавување на следниот ЛИНК.