Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство

Младинскиот образовен форум, Центарот за наука и иновации за развој (Албанија) и Иницијатива за човекови права (Србија) објавуваат повик за аплицирање во Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (#RYLMP).

„Ако си студент и/или активист од Албанија, Србија или Северна Македонија, кој има интерес за истражување и застапување за прашања поврзани со младите, ова е совршена можност за тебе!“, се вели во повикот.

Со менторство и финансиска поддршка обезбедена од проектот, учесниците ќе имаат можност да престојуваат две недели во секоја земја, каде што ќе работат заедно со врсниците кои ги споделуваат нивните интереси за истражување во една од наведените области и ќе развијат нови вештини за лидерство, истражување и застапување.

#RYLMP има за цел да ги зајакне регионалните односи помеѓу Албанија, Србија и Северна Македонија, преку здружување на млади активисти и академици од регионот.

Проектот е поддржан од канцелариите на Фондацијата Отворено општество.

Повеќе за повикот ТУКА.