Повик за млади лица за учество на Регионален младински саем за вработување

Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” на 28 февруари во Скопје ќе се одржи Регионален младински саем за вработување.

Според „МладиХаб“, сите млади лица кои се заинтересирани за учество саемот треба да бидат со возраст до 29 години и да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.

Учество на настанот што ќе трае од 10:30 до 15:30 часот може да се пријави преку овој линк. Рокот за пријавување е 20 февруари. Локацијата за саемот ќе биде дополнително објавена.

„Саемот биде зборно зборно место на повеќе компании од  регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност“, информираат од „МладиХаб“.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Во таа насока во рамките на саемот се предвидени 3 активности, а учесниците самите одлучуваат дали сакаат да се вклучат само во една или во сите активности:

-Саем на компании – каде секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади.

-Speed date – каде компаниите и младите ќе имаат можност да се запознаат подобро и пофокусирано за краток временски период.

-Youth booth –  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем. За оваа активност заинтересираните ќе може да се пријават во формуларот, по што биографијата ќе биде споделена со пријавените фирми. Доколку некоја од фирмите е заинтересирана да спроведе интервју со пријавениот/та во склоп на оваа активност, тимот на „МладиХаб“ ќе го/ја контактира за да ги договори техничките детали.

„Дополнително, пред саемот ќе се одржи и обука за кариерно насочување за сите заинтересирани млади лица чиј фокус ќе биде креирање на професионална биографија, спроведување интервју со компании, како и други корисни совети за подобро претставување пред потенцијални работодавачи. Учеството во оваа обука не е задолжително“, стои во повикот.

За сите дополнителни прашања и информации за настанот заинтересираните може да се обратат на mladihub@gmail.com или на телефонскиот број +38978350531.