[Интерактивна Мапа] Младите во програмите на локалните избори 2021

Младински културни центри, хабови, библиотеки и кино сали, велосипедски патеки, награди и стипендии за талентирани ученици… Политичките опции ветуваат брда и долини за младите на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври.

Ние во Радио МОФ претходниве денови ги разгледувавме програмите на најголемиот дел политички субјекти во 80-те македонски општини и Градот Скопје кои се достапни онлајн или пак ни беа доставени од партиите и движењата. Ги селектиравме деловите кои конкретно се однесуваат на младите и ги вклопивме во интерактивна мапа, каде вие по општини можете да прегледате кој и што ветува и каква е нивната визија за младите во следните четири години.

Она што забележавме е дека во програмите често се појавуваат ветувања и проекти кои всушност се законска обврска, како на пример: формирањето локални младински совети, посебен буџет за млади, младински центри или пак канцеларии за млади. Дополнително, можат да се приметат и едни исти проекти кои ги ветува одредена политичка опција, кои буквално се „copy-paste“ вметнати во програмите за различни општини.

Се обидовме да ги добиеме програмите на што е можно поголем број политички субјекти за секоја општина каде што имаат кандидати за градоначалник или листа за советници. Во мапата се ставени само конкретни ветувања посветени на младите. За неколку од општините каде не успеавме да најдеме никакви програми, или пак во програмите немаше ништо конкретно за младите – означени се со „нема информации“.

Интерактивната мапа погледнете ја во продолжение:

Даниел Евросимоски