Изработени прирачници за анксиозност, стрес и депресија кај млади

Во рамки на програмата за ментално здравје на „МладиХаб“, изработени се три прирачници со фокус на депресија, анксиозност и панични напади и стрес кај младите.

Прирачниците се достапни бесплатно и онлајн,  на македонски, албански и англиски јазик.

„Имајќи ги на ум сите предизвици со кои младите се соочуваат секојдневно, грижата за менталното здравје не смее да биде запоставена“, велат од „МладиХаб“.

Програмата за ментално здравје во склоп на која се изработени овие прирачници е дел од проектот „МладиХаб – градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите“, финансиран од Британската амбасада во Скопје и спроведуван од Национален младински совет на Македонија.