Поранешната лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи осудена на уште три години затвор

Судот во Мјанмар ја осуди поранешната претседателка на владата Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради кршење на Законот за службени тајни, соопштија извори блиски до судот, пренесува Н1.

Нејзиниот поранешен советник, австралискиот економист Шон Тарнел, исто така е осуден на три години затвор, според истите извори.

Аунг Сан Су Чи која е добитничка на Нобеловата награда за мир беше тргната од власт со државен удар минатиот февруари и оттогаш е во затвор.

На нејзиното судење во август таа беше осудена на шест години затвор под обвинение за корупција, а претходно на 11 години затвор.

Во државниот удар на 1 февруари 2021 година, безбедносните сили на Мјанмар убија повеќе од 160 демонстранти и уапсија околу 13.000 луѓе.

Поранешната лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи осудена на уште шест години затвор поради корупција