„Помеѓу феминизмот и патријархатот“ – Конференција за женскиот активизам во Македонија

„Помеѓу феминизмот и патријархатот“ е насловена конференцијата посветена на женскиот активизам која ќе се одржи утре (30-ти јули) во од 17 часот во Меморијалниот центар на холокаустот.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се дискутира за моќта на жената и женскиот активизам соочен со патријархатот и сѐ останато.

Конференцијата е поделена на неколку сесии: Жената и културата; Моќта на жената соочени со патријархатот и Женскиот приказ во медиумите.

Целта на конференцијата е да се поттикне женскиот активизам преку заедничко учење, и охрабрување на жените за делување во општеството, а истовремено и да се покрене свеста за општествените предизвици од родов аспект.

Повеќе информации и линк за регистрација можете да најдете на фејсбук страната на настанот.

Активноста е дел од проектот “UPFRONT” која се реализира од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендиската Марија Николоска, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.