Полицајците Сики од Њујорк ќе носат турбани место капи

Полицијата на Њујорк одлучи дека полицајците Сики отсега смеат да носат традиционални турбани, место полициски капи. Турбаните ќе мора да бидат темно-сини и да го носат амблемот на Полицискиот департман на Њујорк.

Според новите правила, религиозните членови на полициската единица ќе смеат и да растат долга брада.

Полицајците Сики досега носеа капи врз турбаните, а брада не им беше дозволена.

Комесарот на полицијата на Њујорк, Џејмс О’Нил, вели дека целта на промената е да ги охрабри религиозните членови на заедницата „да се пријават за работа во најдобриот полициски департман во нацијата“.

Асоцијацијата на полицајци Сики му се заблагодари на О’Нил преку твит, додавајќи дека ова е горд момент за нивната заедница.

О’Нил ги најави промените во правилата на церемонија за дипломирање на новите полицајци, во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, во средата.

Во мај, војник Сик кој беше принуден да ја избричи косата и брадата за да се приклучи кон Армијата на САД, доби право да носи црн или камуфлажен турбан и да ја порасне брадата.