Полицајци – велосипедисти ќе патролираат во општина Центар

Шест полицајци на точак ќе патролираат на почетокот на територијата на општина Центар, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни региони. Ова денеска го соопшти СВР Скопје, од каде информираат дека станува збор за проект.

Како што се наведува, проектот има за цел да ја подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје и ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина.

„Овој проект во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка“, стои во соопштението од општината.