[Подкаст] Што е муабетот со вакцините?

Светот живее повеќе од една година под посебни услови и навики. Со одобрувањето и почетокот на процесот на имунизација со првите вакцини против Ковид-19 се зголемија и надежите дека крајот на пандемијата и не е толку далечен.

И додека огромен број од државите на европскиот континент почнаа со процесот на вакцинација, Северна Македонија сѐ уште не може да се пофали со масовна имунизација на населението.

Што е муабетот со вакцините? Како граѓаните да се убедат дека тие се безбедни и зошто се важни? На оваа тема зборуваме со докторот и микробиолог Никола Пановски.

Мартин Колоски