Почнуваат во 8:30 и ќе траат по 15 минути – Објавен распоредот на ТВ часовите за децата од прво до деветто одделение

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе може да следат на Македонската радио телевизија. Секој работен ден, со почеток во 8:30 часот ќе се прикажуваат видеа од наставниот предмет кои ќе траат 15 минути.

Часовите се подготвени од Бирото за развој на образованието, а нивниот распоред преку Фејсбук го сподели министерката Мила Царовска.

„Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“, напиша Царовска.

Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини…

Posted by Мила Царовска on Wednesday, September 30, 2020