Почина модниот дизајнер Карл Лагерфелд

Славниот моден дизајнер Карл Лагерфелд, почина на 85-годишна возраст во Франција.

Тој беше креативен директор на „Шанел“, а починал по боледување кое траело неколку недели.

„Со својот ворхоловски карактер, политички некоректен, франкофил и на моменти и деспотски и чувствителен, Лагерфелд ја направи модата планетарно шоу. Во историјата на модата, Карл Лагерфелд остави една восхитувачка креација – самиот себеси, пишува парискиот весник“, пишува весникот „Фигаро“.

Лагерфелд е роден во Хамбург во богатото семејство на банкарскиот службеник Ото Лагерфелд. Во 1952 година се преселил во Париз. Тој ја почнал кариерата како помошник на Пјер Балман во 1955 година, а во 1974 година ја основал својата сопствена линија „Karl Lagerfeld Impression“. Дел од тимот на „Шанел“ станал во 1983 година.