Почина композиторот Љубомир Бранѓолица

Од Сојузот на композитори на Македонија информираа дека почина композиторот Љубомир Бранѓолица, кој освен класична пишувал и популарна и џез музика, музика за театарси претстави и филмски остварувања, како и музика за деца.

Бранѓолица пишувал  и балетски критики, а издал и неколку книги од областа на музиката.

Музичкото образование тој го започнува во Загреб и во Риека. Од 1950 година работи како пијанист во Уметничкиот ансамбл на Армијата на поранешна Југославија во Белград, а во 1954 година трајно се преселува во Македонија. Од 1957 година е корепетитор во Балетот на Македонскиот народен театар. Во 1966 година се вработува во Македонската радио-телевизија каде што останува до крајот на работниот век извршувајќи функции на музички уреденик и музички продуцент.

Љубомир Бранѓолица е творец на македонската музика во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус ќе најдете и опери и балети, и камерни и хорски композиции, и популарни песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Иако е разновидно и многубројно, сепак, не е тешко да се издвои магистралниот правец во неговиот творечки пат и клучниот и 78 47 Македонски композитори 79 неодминлив придонес за македонската музичка култура.

Тоа е балетскиот опус на авторот што опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“).

Иако со поглед во минатото, тој во своите балети внесува новини што тогашната музичка критика го забележува уште веднаш.   Со балетот „Одблесок“ балетскиот ансамбл при МНТ гостуваше во повеќе земји во светот – Бугарија, Франција, Канада, Кина, како и во републиките на поранешна Југославија. Фолклорни елементи, не само од македонското поднебје, се среќаваат и во другите балетски дела од Бранѓолица.

Во 2022 година, младиот музичар Андреј Блажевски го објави проектот „Архив Бранѓолица“ – дигитална архива во која каталошки се подредени делата на Бранѓолица.