„Хајка“ најави слушачка промоција на вториот албум „Мека машина“

Младиот панк-рок бенд „Хајка“ најави слушачка промоција на вториот студиски албум „Мека машина“. Промоцијата ќе се одржи во сабота (28 јануари) од 20:00 часот во „Бруталиск“ во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by хајка! (@xajka)

„Хајка“, како што самите велат за себе, за креирање музика влече инспирација од бит-генерацијата на писатели и постмодерната уметност, а бендот жанровски е на линијата помеѓу прото-панк па се до no wave. Со возбудлив сценски настап и многу енергија досега имале низа свирки на повеќе фестивали во Македонија како „Здраво млади“, „Д-фестивал“, „Beach film festival“, а претходното лето имаа и музичка турнеја при што настапуваа во повеќе градови во земјава.

Бендот досега ги има издадено „Антиталент“, ЕП “„Непрекинато движење” и синглот „Мека Машина” што беше најава за новиот албум.