„Хајка“ на турнеја низ Македонија

Панк-рок бендот „Хајка“ од Скопје од денес оди на турнеја низ Македонија. Првиот настап е во Куманово вечерва во Валхала Бар. Бендот исто така ќе настапува во Штип, Струмица, Охрид, Скопје и Дојран, а турнејата е предвидена да трае цело лето и како што велат членовите, да се поминат што повеќе градови низ Македонија.

„Поголемиот број од настапите ќе бидат на музички фестивали меѓу кои „Д-Фест“ Дојран, фестивалот на авторска музика, „Ексцес Фестивал“ во Струмица, Нови Простори – Скопје, „Кикфлип Фест“ – Скопје, културолошката иницијатива „Free Spirit Day“ – Охрид Скејт Парк и други што ќе бидат наскоро објавени“, велат од бендот.

Како млад бенд што влече инспирација од бит-генерацијата на писатели и постмодерната уметност жанровски е на линијата помеѓу прото-панк па сè до no wave. Досега го имаат издадено албумот „Антиталент“, ЕП “Непрекинато движење” и „Мека Машина” сингл, што воедно е и најава за новиот истоимен албум.