Повик за учесници за фестивалот за најмлади бендови „Гаража 2021“

Ако сте ученици во основно или средно училиште, во моментов го имате својот прв бенд, или сè уште барате со кого би свиреле, може да се пријавите за учество во работилниците и џемањето на фестивалот „Гаража 2021“.

Организаторите велат дека заинтересираните треба да го пополнат прашалникот, да го испратат  на 2021garaza@gmail.com и да очекуваат повик да музицираат со нивни врсници и со музичари од неколку различни генерации.

„Фестивалот не е со натпреварувачка, туку со колаборативна природа. Создаваме платформа за сегашни и идни соработки, за создавање нова музика и подобро запознавање на нашето бендовско наследство“, стои во повикот.

Прашалникот можете да го најдете во групата: https://www.facebook.com/groups/919319268810340/

„Пред да ни испратите е-пошта, побарајте согласност од вашите родители или старатели. Таа согласност потоа ќе ја побараме и формално. Сите настани ќе се одвиваат во првата половина на декември, во Скопје, со целосно почитување на мерките за заштита од ковид19. Добредојдени сте да се пријавите и ако не можете физички да присуствувате на настанот, зашто и во текот на 2022 година ќе организираме настани и соработки офлајн и онлајн. Наредните денови ќе ве запознаеме и со вашите ментори на овој фестивал. Со голем интерес ги очекуваме вашите пријави“, стои во повикот.

Колаборативниот фестивал за бендови и музичари од средните и основните училишта „Гаража“ е поддржан од Министерството за култура и од Град Скопје, преку програмите за 2021 година.