Македонскиот electro/synthwave бенд „Искра“ ќе настапи на Здраво Млади 11“

„Искра“ е првиот македонски бенд најавен за овогодишното издание на фестивалот „Здраво Млади“.

„Екипа што зад себе има дебело hardcorepunkmetal „досие“, а денес, својот музички израз го насочуваат кон префинета synth-електроника, проследена со фантастични визуелизации. Првото издание го потпишуваат за етикетата ПМГ рекордингс, a пред една недела го издадоа најновиот сингл насловен „Нова Ера“, соработка со Druggy“, стои во најавата за настапот.

Нивните анимирани видеа раскажуваат приказна од иднината на Скопје, поточно 2088/89 година каде голема корпорација го уништува градот. За да се спречи ова, една опасна банда одлучува да се спротистави на целата ситуација.

„Искра“ им се придружуваат на веќе најавените „Виагра бојс“ од Шведска и „Shortparis“ од Русија.

Фестивалот е закажан за 26 и 27 август во МКЦ парк и ќе се реализира согласно мерките за организирање настани на отворен простор.

„Билетите по цена од 800 денари се веќе во продажба на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk. Бројот на посетители е строго лимитиран според важечките протоколи за организирање на настани. Набавете билет на време“, порачуваат од МКЦ.