Почина Гордон Кеј од „Ало, ало“

Британскиот актер Гордон Кеј, кој го играше ликот на Рене Артоа во ситком серијата на Би-Би-Си „Ало, Ало“, почина на возраст од 75 години.

Смртта на актерот утрово ја потврди неговиот агент.

Хит серијата, чие дејствие се одвиваше за време на нацистичката окупација на Франција, се прикажуваше на Би-Би-Си од 1982 до 1992 година.

Тој се појави во сите 84 епизоди од комедијата, како и во театарската верзија.