Планински филмски фестивал ЕХО од понеделник во Скопје

На 2 ноември во Скопје започнува четиридневниот фестивал кој ја слави природата и планините – фестивалот ЕХО.

На овогодинешното издание на Планинскиот филмски фестивал има најбогата филмска и презентациска програма досега, со речиси 30 филмови од автори од 10 земји и тројца презентери од Полска, Словенија и Бугарија.

Годинава има и промоција на македонски филмови, а за прв пат беше организиран и фото конкурс на кој учествувале 130 автори со 330 фотографии.

Во текот на четирите дена, програмата на ЕХО ќе се прикажува во Џебното кино во МКЦ, Кино Фросина и Кино Милениум. Влезот е слободен.