Планинарска Инстаграм Тура во недела на Лешница

Во недела (13 септември) од 7:30 часот ќе се организира планинарска тура на Лешница, еден од најживописните предели во средишниот дел на Шар Планина.

Планинарската тура е дел од активностите на кампањата за прогласување на Шар Планина за национален парк која се спроведува од страна на Центарот за едукација и развој – ЦЕД во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за животна средина на ОН.

На планинарската Инстаграм тура, планирано е да се направат повеќе квалитетни слики на неколку локации во убавините на Лешници со професионален апарат на секој заинтересиран учесник кои ќе се споделуваат на Инстаграм под официјалниот хаштаг на кампањата #ДаЈаЗаштитимеШара.

Во согласност со препораките за организација на планинарски акции, со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, сите заинтересирани се должни, да се пријават за турата. Пријавувањето може да се направи со испраќање на пополнета изјава/пријава на следниот маил: jovan@pkljuboten.org.mk најдоцна до 11.09.2020 год. (петок) до 19:00 часот, а доколку имате дополнителни прашања, може да се обратите на контакт лицето – Јован Божиноски на 078 229 229.

Повеќе детали за настанот може да најдете на следниов фејсбук ЛИНК.