Писателот Иван Шопов победи на Меѓународниот конкурс за хумореска – „Алеко“

Македонскиот писател Иван Шопов со расказот „Географски откритија“ е победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ кој се одржува во Бугарија, пишува Окно.мк.

На конкурсот пристигнале 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата била во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев.

Наградата му беше врачена на 13 јануари, роденденот на бугарскиот писател Алеко Константинов, на свечена церемонија во Свиштов, во рамки на одбележувањето на 160-годишнината од раѓањето на Константинов.

„Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на 1990-тите години. Организатори на конкурсот се Општина Свиштов, Меѓународната фондација „Алеко Константинов“ и хумористичниот весник „Стршел“.

Иван Шопов дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), збирката раскази „091 – антиразгледници од Скопје“ (2018), збирката сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018) и мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ (2019). Пишува и поезија и хаику.

Неговите расказите и песни му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.