Пијано рецитал на Арда Мустафаоглу

Вечерва (23 декември) во 19:30 часот, во концертната сала на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје, пијанистот Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички рецитал. На програмата ќе бидат дела од Д. Скарлати, С. Рахмањинов, С. Прокофјев и др.

Петнаесет годишниот Арда Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти. Оваа година тој освои бројни награди на меѓународни пијано натпревари во Србија, Италија, Бугарија, Турција и Белгија, имаше настапи на концерти во Италија и Германија, солистички концерт во Штип и концерт со Македонската Филхармонија.

Рециталот е поддржан од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес за 2017 година. Влезот за посетителите е слободен.