Петмина починати, 188 новозаразени и 268 оздравени од Ковид-19

Петмина починати, 188 новозаразени и 268 оздравени од Ковид-19 регистрира во изминатите 24 часа Министерството за здравство. Притоа, во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се нови случаи на ковид-19  се во Скопје-44, Куманово-21, Тетово-24, Струга-21, Гостивар-23, Штип-18, Кичево-10, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Неготино-2. По еден нов случај е регистриран и во Дебар, Велес, Ресен,  Демир Хисар, Крива Паланка и Кочани.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.