Пет трансродови војници го тужат Трамп

Петмина транс војници поднесоа тужба против претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговата одлука трансродовите лица да не можат да бидат дел од Армијата. Тужбата вели дека забраната „има недостиг од рационална основа, арбитрарна е и не може да биде оправдана со федералните интереси“.

Од петмина тужителки, една служела во Воздушните сили на САД речиси 20  години, една била дел од Крајбрежната стража повеќе од деценија, а други три се помлади и служеле во Ирак и Авганистан.

Сите се моментално активни и се идентификуваат како трансродови. Тие се дел од илјадниците членови на Армијата на САД кои се идетификуваа како транс во 2016, кога Департманот за одбрана ја донесе историската одлука да им дозволи на трансродовите војници да го отслужат воениот рок како што им одговара. Сега, пет од нив, кои одлучиле да останат анонимни поради страв од насилство, го тужат Трамп и највисоките службеници. Ова е прва тужбва која ја оспорува забраната.

„Можеме да ги одбраниме трансродовите лица од оваа администрација“, вели Џенифер Леви, застапничка на тужителтите и директорка на проект за трансродови права на органзацијата ГЛАД. „Ова е само почетокот на многу значајна битка“.