Панел дискусија за студентски активизам во Штип

Здружението на правници ЛЕГАЛ Тинк организира Панел дискусија: #СтудентскиАктивизам, која ќе се одржи на 13 февруари (среда) со почеток во 12:00 часот, во мултимедијалниот центар при Радио Кафе Канал 77 во Штип.

На настанот ќе бидат дискутирани правата и обврските на студентите, студентските претставници при Универзитот и механизмите за заштита на студентските права.

Заинтересираните да се пријават на следниот линк.

Панел дискусијата е во рамки на истоимениот проект кој го спроведува ЛЕГАЛ Тинк, а е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.