Отворено: Екстерно тестирање – кои се ефектите?

Почна ученичката трка со времето – наставниците и родителите одговараат прашања од екстерно, а учениците на готовс кој предмет ќе им се падне за полагање. Ги оправда ли екстерното целите – доведе ли до поквалитетно образование, стави ли крај на подарените оцени? Научија ли учениците да „пливаат“ во базените со илјадници прашања, или ги научивме да меморизираат напамет? Зошто екстерното тестирање предизвикува толкав стрес кај учениците и во нивните семејства?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира во новата дебатната емисија „Отворено“, која се прикажува на ТВ 24 Вести.

Говорници ќе бидат Сафет Незири – поранешен пратеник и државен советник во министерство за образование и наука, Владо Димовски -професор и Елизабета Секирарска – професорка.

Прашања и пријавување се за учество се прави преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на: http://goo.gl/26sAVs или телефонот на Отворено: 077 508 843.

Емисијата се снима неколку часа пред емитувањето (16:00 часот – Томато продукција), а ќе се прикажува во понеделник, 6 јуни во 20:40 часот.

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканетите говорници и публиката за важни прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.