Отворен ден на факултетите на УКИМ што се наоѓаат во Гази Баба

Во вторник (8 мај), од 11 до 14 часот, на плоштадот во скопската населба Автокоманда е најавен Отворен ден на факултетите во состав на УКИМ, кои се наоѓаат на територија на општина Гази Баба.

Настанот е наменет за средношколците кои ќе можат да се запознаат со наставните програми на овие факултети.

На отворениот ден своите програми ќе ги претстават Природно-математичкиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Шумарски факултет, Факултет за ветеринарна медицина и Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериери.