Отворање на третиот циклус на Наградата за социјално претприемништво

Во среда (22.02) во 12 часот во Јавна соба ќе се биде отворен третиот циклус на Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award 2017.

„Наградата за cоцијално претприемништво – Social Impact Award 2017‘‘ претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 20 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво. Целта на програмата е да се зголеми интересот меѓу младите за оваа област како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствената кариера. Најдобрите десет (10) идеи ќе добијат бесплатно менторство и процес на инкубација. За најдобрите три (3) решенија во областа на социјалните бизниси Шпаркасе Банка Македонија обезбеди парични награди во висина од 6.000 евра (по 2.000 евра по тим). Покрај паричните награди, ќе се додели и една дополнителна награда од заедницата, која ќе добие дополнителна поддршка во развивање на идејата. Четирите најдобри тимови ќе добијат и можност за учество на Европскиот самит во Белград.

Конкурсот за Наградата во Македонија ќе биде отворен во периодот 22.02.2017 -08.05.2017 во чии рамки ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и бизнис модели во социјалното претприемништво во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и  Штип.

Наградата ја организираат Младиинфо, во партнерство со Шпаркасе Банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје, Маратон, Конто Профит и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

Повеќе информации за ‘‘Наградата за социјално претприемништво – Social Imapact Award 2017‘‘ ќе најдете на овој линк.