Откажан Егзит 2020

Одбележувањето на 20-годишнината на Егзит фестивал официјално нема да се одржи од 13 до 16 август годинава на Петроварадинската тврдина, потврдија организаторите. Одлуката доаѓа откако здравствената состојба во земјата не е подобрена.

Како што се наведува во соопштението, „новата промена на датумот на фестивалот е обемен и сеопфатен процес, за кој е потребно време“.

„До крајот на месецот, ќе ги објавиме датумите за Егзит 2021, а наскоро ќе пристигне и известување за пријави и опции за рефундирање“, велат организаторите.

Претходно оваа година, организаторите најавија дека Егзит, и покрај севкупната состојба, ќе се одржи во соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а една од мерките беше да се намали капацитетот на фестивалот за половина од вообичаените 55.000 посетители на ден.