Ораторски вечери на ФОН со 12 говорници од 9 универзитети

ФОН Универзитетот ги организира своите традиционални ораторски вечери од јавен карактер.

Тие ќе се одржат утре, со почеток во 18:30 часот во свечениот Амфитеатар на универзитеот.

На ораторските вечери ќе учествуваат 12 говорници од 9 универзитети во Македонија. Петмина од учесниците се студенти со развојни потешкотии.

 Тема на говорот е „Успехот не е конечен, неуспехот е фатален, храброста да се продолжи е тоа што е важно!“.