Општина Аеродром најави нов парк во Стар Аеродром

Стар Аеродром наскоро ќе биде збогатен со нов парк што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“, соопшти денес Општина Аеродром.

Според општинарите, се работи за урбан парк, на површина од 3.200 метри квадратни, кој треба да понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

„Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија“, се вели во соопштението на Аеродром.