Онлајн дискусија за зајакнување на жените и поддршка на нивното раководење со бизниси

Клубот Girl Up Skopje организира дискусија за зајакнување на жените и поддршка на нивното раководење со бизниси.

Организатори на оваа дискусија се Јана Мајнова, член на Girl Up Skopje, и Гагик Еритсjан, лидер на студентскиот совет за општокорисна работа во средното средното училиште Нова, а гости ќе бидат коосновачот на Stella Network – Сара Миленковска и основачот на Lussh Waisted – Нилија Браун.

,,Оспособувањето на жените во бизнисот е нешто што беше во фокусот во изминатата деценија, бидејќи општеството оди напред со родовата еднаквост и застапеноста во рамките на работната сила. Како резултат, повеќе жени заработуваат универзитетски дипломи и напредуваат во извршни улоги во се поголем број индустрии. Зголемената важност на жените на работното место и конфликтите со кои се соочуваат во современите работни средини се очигледни, што се однесува на многу начини на кои жените ја менуваат динамиката во работната култура”, велат организаторите.

Главната цел на оваа дискусија е информирање, елаборирање и застапување за зајакнување на жените во малите бизниси и организации. Оттука, учесниците можат да добијат повеќе информации и знаење за улогата на жените во бизнисот и да се чувствуваат охрабрени да станат свои шефици.

Мрежата Стела е непрофитна организација посветена на високото образование, односно на менторството, солидарноста на жените и поддршката на жените и девојчињата во нивниот академски и професионален развој.

Lussh Waisted е иницијатива на една млада девојка, која доаѓа од Њу Јорк. Нејзиниот бренд се залага за еднаквост и создавање безбеден простор каде што се охрабрува креативноста, страста и единството меѓу жените.

Girl Up е невладина организација, поддржана од Обединетите Нации, чија основна цел е поддршка и зајакнување на девојчињата! Членовите на Girl Up работат на програми што ќе им помогнат на девојчињата да одат напред, да ги имаат сите потребни алатки и вештини што ќе им помогнат да бидат успешни во нивната заедница и пошироко.

Дискусијата ќе се одржи онлајн, преку платформата Zoom на 30-ти ноември, во 19 часот.

За присуство, потребно е претходно да се пријавeте на следниов ЛИНК.