Онлајн дискусија со актерите Тино и Атанас – последен настан на Орце talks во 2020

„Мисија со визија, успехот е секогаш во мода“ е темата на последниот настан на Орце talks во 2020.

На онлајн дискусијата ќе зборуваат актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски, кои утре (29.12) ќе се сретнат на Зум, со почеток во 18 часот.

За учество на онлајн настанот потребно е претходно пријавување на следниот ЛИНК.

Орце talks e резултат на група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, кои првично започнаа да организираат филмски проекции проследени со дискусии. Идејата е да дадат простор на младите да ги искажат и да бидат слушнати нивните ставови за теми кои не се третираат во училишните клупи.