Онлајн дискусија на тема „Недостаток на пракса – студентите тешко се снаоѓаат во работна околина“

Петтото издание на локалниот настан за образование на тема „Недостаток на пракса – студентите тешко се снаоѓаат во работна околина со реални проблеми“, ќе се одржи на 24 и 25 овој месец. Во организација на „Бест Скопје“, на настанот ќе се дискутира за тоа дали младите се чувствуваат подготвено за животот после факлултет, дали имаат доволно практично искуство и како тие можат да придонесат кон решавање на проблемите.

„Целта на настанот е вмрежување најразлични гледишта и наоѓање решенија за проблеми како недостаток на пракса, тешкотиите при влегување на пазарот на трудот и практичното образование наспроти теоретското“, велат организаторите.

Оттаму дополнуваат дека настанот ќе се одржи во два дела, така што првиот ден ќе биде запознавање на учесниците со сите перспективи потребни за справување со недостаток на практична работа и предизвиците кои следат по студентскиот живот на кариерно поле. Вториот дел од настанот е наоѓање на решенија на конкретно зададени проблеми поврзани со главната тема од страна на учесниците.

Заинтересираните за првиот дел од настанот може да се регистрираат тука, а заинтересираните за вториот дел од настанот може да се пријават тука.