Онлајн дискусија „Како се справуваме со Ковид-19?“

Денеска (23 јуни) од 18 часот ќе се одржи онлајн дискусија насловена „Како се справуваме со Ковид-19“, на која ќе се разговара за дел од мерките на Владата на Северна Македонија за справување со последиците од коронавирусот во областите економија и невработеност и здравство.

Настанот е подготвен, модериран и ќе биде спроведен од Лејла Кадриевска, Јетмир Зиба, Бошко Софијанов, Димче Мицевски и Катерина Николовска, дел од групата на мобилизатори на заедницата.

Дискусијата ја организира Националниот младински совет на Македонија во рамките на проектот “Подрршка на изборните реформи во Република Северна Македонија”.

Настанот ќе се одржи преку видео платформата „Зум“ а сите заинтересирани можат да се вклучат и да учествуваат на настанот преку следниов линк: https://us02web.zoom.us/j/81343848317  Meeting ID: 813 4384 8317.