Омаж на Жан-Пјер Мелвил во Кинотека

Филмови во чест на стогодишнината од раѓањето на култниот француски режисер Жан-Пјер Мелвил ќе се прикажуваат во Францускиот институт во Скопје.

Во четврток (10 мај) од 20 часот во Кинотека на Македонија ќе се прикажува „Црвен круг“ (1970) со со Ален Делон, Андре Бурвил, Жан Марија Волонте. Во петок, пак, исто во 20 часот ќе се прикажува „Армија на семки“ (1969) со Лино Вентура и Симон Сињоре.

Покрај ова, филмскиот критичар Стојан Синадинов ќе одржи презентација на делото на Мелвил.

Билетите може да се резервираат во Кинотека на следните телефонски броеви: (02) 30 71 814, 30 65 968.

Повеќе детали за синопсисот на филмовите на следниот линк.