„Окото на градот“ – изложба на фотографии на Барлакоски Божидар

Прилепскиот фотограф Божидар Барлакоски утревечер ќе ја отвори својата прва самостојна изложба во Скопје, во „Јавна соба“.

Насловена „Окото на градот“ содржи 37 фотографии, кои се многупати наградувани на домашни и меѓународни конкурси.

„Погледнете ја урбаната средина низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот. Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, се вели во повикот за настанот.

Изложбата ќе биде отворена и во наредните неколку денови, а е од продажен карактер.