Од утре #Протестирам и во Тетово

Протести против аболицијата на политичарите што ја спроведе претседателот Ѓорге Иванов, од утре ќе се организираат и во Тетово. Мирниот протест ќе започне во 19:00 часот пред зградата на Основниот Суд во градот, најавуваат организаторите.

„Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки на Тетово, градот на мирот и соживотот, заедно гласно да го искажеме нашиот став и да ја пратиме пораката како и нашите другари и другарки од целата држава: Нема Правда – Нема Мир!
. Повикуваме на масовност. Тетово не смее да молчи. Никој не смее да молчи. Ова е клучен момент.
Или протестираш или емигрираш.
Или се согласуваш со аболиција на криминалци или протестираш!
Или си за изборен грабеж или протестираш!
Или си за медиумска манипулација или протестираш!
Или си за корумпирано судство или протестираш!
Или си за режим или протестираш!“, се вели во најавата на настанот.