Обука за унапредување на кулинарски вештини и кариера

„ФЈ Кулинарско училиште“ организира бесплатна обука за унапредување на кулинарските вештини за млади лица.

Обуката ќе се одржи од 26 до 30 јуни 2023 година во просториите на училиштето во населба Автокоманда, Скопје.

Што вклучува програмата?

-Напредна кулинарска обука: нутритиенти во храната, механика на човечките сетила, избор на намирници, кулинарски техники
-Практично искуство: изработка на менија, посета на органска градина
-Менаџмент во угостителство: бригаден систем, практики за безбедност на храна
-Поддршка за кариера и претприемништво: персонализирано кариерно насочување, спојување со потенцијални работодавачи, меки вештини (етика во кулинарство, комуникациско-организациски вештини)
-Можности за вмрежување: размена на искуства со колеги учесници и гости говорници – поискусни готвачи и професионалци од индустријата

„Програмата предвидува теоретски и практичен дел под менторство на експертите Филип Чаловски и Златко Таневски, а е дизајнирана со цел да се унапредат кулинарските вештини на учесниците со што полесно ќе се вработат или ќе напредуваат во кариерата“, велат организаторите.

Тие посочуваат дека на обуката може да учествуваат сите млади лица до 29 години кои имаат основни познавања од кулинарството и имаат желба да ги унапредат своите вештини.

По завршувањето на обуката сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука од организаторот.

Пријавувањето за обуката е во тек, а местата се ограничени. Заинтересираните можат да аплицираат веднаш и обезбедат место со тоа што ќе ја пополнат пријавата за учество на обуката. Крајниот рок за пријавување е 19 јуни 2023 година. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Повеќе информации можат да се најдат преку бројот: +389 71 201 118

Обуката се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемништво и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.