[Обновено] Инцидент на „Пластичарска“, едно лице приведено

Полицијата денеска приведе 35-годишен скопјанец на „Пластичарска“ улица.

Попладнево на булеварот „Никола Карев“ сообраќајната полиција вршела проверка, а возачот на автомобил „Мерцедес“ не застанал на знак „стоп“ од контролата, по што возилото било престигнато од полицијата, а возачот е приведен.

Минатиот викенд полицијата постави контролни точки во населбата Чаир, каде од ткн. „Пластичарска“ улица беа отстранети диво паркирани автомобили.

Сообраќајната полиција во последните неколку дена ги интензивираше активностите. Само во минатиот викенд биле спроведени 2335 сообраќaјни контроли и изречени околу 1.000 казни.