Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.
Од МОН соопштија дека електронското пријавување за вториот уписен рок е активно од вчера (28 јули) и ќе биде отворено се додека има слободни места, за што Министерството за континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
Конечните резултати можат да се видат на следниот ЛИНК.
Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, ќе треба комплетната документација да ја достават до Министерството за образование и наука во период од 7 до 11 август годинава.
Резултатите за конкурсот за прием во Државните студентски домови, како што велат од МОН, ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот.