Објавен Прирачник за самопомош и самогрижа на менталното здравје кај адолесцентите

Членовите на младинската иницијатива S.H.A.R.E изработија онлајн Прирачник за самопомош и самогрижа на менталното здравје кај адолесцентите.

Станува збор за бесплатен прирачник кој се состои од 9 поглавја, со лесна и пристапна едукација, поддршка и идеи за отпочнување на процесот на самопомош и самогрижа на менталното здравје. Тој е изработен под уредништво на психологот Ана Попризова и во него се потенцира важноста на свесноста за потешкоитиите со кои се соочуваат во процесот на растење и развивање.

„Ова е наш посебен подарок за сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за менталното здравје, од кое зависи и општото здравје“, велат од S.H.A.R.E.

Прирачникот има и аудио верзија изработена во соработка со платформата за аудио книги „Самоглас“, достапна на следниот ЛИНК.

„Најголема благодарност до вас, драги поддржувачи на S.H.A.R.E! Ви влагодариме што сте свесни млади индивидуи кои се подготвени да се грижат за себе и своето ментално здравје. Се надеваме дека ќе уживате додека го читате или слушате прирачникот и дека истиот ќе ви биде поттик за работа на себе“, велат од иницијативата.

Активноста е дел од „Physical, Not Social Distancing”, спроведувана од добитникот на Наградата за младинско учество SHARE – Speak Honestly and Resolve Everything, финансиски поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.