Објавен конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2018 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2018 година. За наградата можат да конкурираат сите романи, за првпат објавени на македонски јазик во тековната година.

  1. Наградата се доделува по предлог од петчлена жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на Фондацијата.
  2. Романите што влегуваат во конкуренција за наградата „Роман на годината“ можат да бидат предложени од самите автори или од нивните издавачи.
  3. Предлагачите се должни најдоцна до 15 јануари 2019 година да ги достават предложените романи во пет примероци кои не се враќаат. Пожелно е да се испрати и електронска верзија (во word или pdf формат) на адресата romannagodinata@gmail.com
  4. Наградата мора да биде доделена.
  5. Фондацијата „Славко Јаневски“ е должна да ја објави одлуката за наградата најдоцна до 15 март 2019 година.
  6. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Романите се доставуваат во читалната „Славко Јаневски“ во Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр.21, Скопје (до гимназијата „Јосип Броз Тито“), секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса: Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19/6-40, 1000 Скопје.