Новогодишен базар „Улица на радоста“ на Плоштад Македонија

Утре на Плоштадот  Македонија  започнува новогодишниот базар под мотото „Улицата на радоста” кој на посетителите ќе им понуди рачно изработени предмети, пригодни подароци, топли напитоци, вкусна храна и уште многу други содржини, информираат од Град Скопје.

Од 28 декември, на најрадосната улица најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.

И годинава, на 31 декември точно во 12 часот на пладне,  традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија.

„Ги повикуваме сите наши сограѓани и оние што ќе престојуваат во Скопје за празниците да не посетат на „Улицата на радоста” и да ја почувствуваат новогодишната магија“, соопшуваат од Градот.